Се враќа ривалитетот Хамилтон – Розберг

Поранешниот Формула 1 шампиони Нико Розберг ќе има свој тим во Екстрим Рејсинг Серијата. Ова натпреварување привлече дел од водечките имиња на Ф1 вклучувајќи го и Луис Хамилтон. „Розберг Екстрим Рејсинг“ е деветтиот тим во оваа серија чии натпреварувања се одржуваат на далечни локации, а целта е кревање на свеста за климатските промени.

„Од моментот кога се повлеков од Формула 1 се посветив на одржливите технологии и неверојатно е дека можам оваа работа да ја комбинирам со страста кон трките“ – вели Розберг.

Се очекува ова да биде своевидно обновување на ривалитетот меѓу Розберг и Хамилтон кои заедно возеа во Мерцедес во периодот од 2013 до 2016 година. Тоа дефинитивно беше едено од најинтензивните тимски ривалства во историјата на Ф1.

 

Се вчитува...