Се враќаме во кино – се гледаме во Cineplexx

Љубителите на филмот со нетрпение ги очекуваат проекциите на големото платно во Cineplexx. Магијата на 7 – та уметност е во гледањето филм во кино, на вистинското место каде автентичноста на просторот, приказнaта, звукот и атмосферата го доближуваат оригиналното чувство на блискост помеѓу гледачите и нивните омилени наслови. Киното отсекогаш било и секогаш ќе биде матично катче на филмаџиите, нивните премиери, аплаузи и зборно место за средба со вистинската публика. За публиката, времето за кино и во кино е личен избор, нешто што бескрајно го сака и секогаш го поврзува со емоцијата за уметност.

Киното Cineplexx  е омилениот простор за филм и дружба на најмладите, нивните родители, тинејџерите, возрасните, нивното семејно катче, место каде пријателите се заедно,….простор каде секој го наоѓа своето место за  креативно и корисно време за уживање.

Со целосно почитување и примена на препораките од надлежните институции, Cineplexx во Србија, Хрватска, Словенија, Грција и Австрија ги отвори вратите и го исполни ветувањето кон публиката – да се врати во кино салите. Наскоро и нашата публика, согласно препораките за заштита од Ковид 19 и имплементација на мерките пропишани од  институциите, во Cineplexx ќе му се врати на филмот во кино.

Професионалниот пристап, долгогодишното искуство и одговорноста се синоним за работењето на Cineplexx, кој како глобален бренд стекна интернационална слава и почит од страна на филмската публика, секаде и кај нас.

Довербата се гради со взаемна почит и квалитет, нешто на што сме благодарни и се гордееме.

Комерцијален текст

Се вчитува...