Се врати Фјури: Немилосрдно го „преби“ Шварц, па запеа хит на Аеросмит (ВИДЕО)

Се врати Тајсон Фјури! Со победа во Лас Вегас против германскиот боксер Том Шварц со технички нокаут уште во втората рунда.

Германецот воопшто не беше достоен противник за Фјури кој успеа буквално да го пребие во неполни две минути, па судијата по вториот нокдаун мораше да го прекине мечот.

 

По дуелот Фјури очекувано беше расположен, па во рингот запеа и хит на Аеросмит…

Исто така, најави и нов меч на крајот на септември и почетокот на октомври, како и нова борба со Деонтај Вајлдер следната година.

„Доаѓам по тој зелен појас“ – кратко изјави Фјури, кој стигна до 28-та победа во кариерата во која има само едно реми. Додека за Шварц оваше беше прв пораз во 25-от меч.

 

Се вчитува...