Тибо Куртоа со чудесните одбрани во финалето од Лигата на Шампионите му го донесе големиот трофеј на Реал Мадрид, а утрово неочекувано ја напушти репрезентацијата на Белгија за која требаше да одигра четири натпревари од 3. до 13. јуни поради големи болки.
По лекарските прегледи утврдено е дека станува збор за пубалгија, повреда на препоните поради која во текот на целата сезона трпел болки. Истата не го заобиколила белгискиот чувар на мрежата ниту во големото финале, но и покрај тоа му се ставил на располагање на Карло Анчелоти.
Куртоа кој е еден од најзаслужните за титулите на Реал Мадрид во Лигата на Шампионите и Ла Лига следниот период ќе го помине на одмор и рехабилитација пред густиот распоред кој следи на почетокот на следната сезона и Светското првенство во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА