Седејќи во дневната соба освои милион долари на тениски турнир

Американскиот тенисер, Тејлор Фриц победи на виртуелниот тениски турнир и освои еден милион долари кои ќе ги донира на органзиацијата за помош на децата од САД кои немаат доволно храна, Во тандем со ѕвездата од социјалнте мрежи, Адисон Рае, Фриц  славеше во пресметката со Кеи Нишикори и Стив Аоки за вредната награда од турнирот кој тениските ѕвезди го играа на Нинтендо од нивните домови поради карантиот заради коронавирусот.

„Бев понервозен отколку на вистински турнир и на вистински меч, но беше и многу забоавно“ – рече Фриц кој е 24-ти тенисер на АТП листата.

На витруелниот турнир од славните тениски имиња учествуваа и Серена Вилијамс и Марија Шарапова, моделката Џиџи Хадид, а коментатор беше Џон Мекинро.

 

 

Се вчитува...