Седлоска: Мотото на оваа репрезентација е „Сите за еден, еден за сите“

Женската ракометна репрезентација на Македонија направи голем чекор до ново учество на континенталните собири откако во 2. коло славеше на гостувањето кај Литванија со 28-31.

Девојката која што се истакнува како нов лидер на оваа репрезентација, Андреа Седлоска по мечот со Литванија не го криеше задоволството од одличното издание и заслужената победа.

„Среќна и благодарна сум што можам повторно да играм во дресот на репрезентацијата на Македонија и чувствуто навистина е преубаво. Секој постигнат гол е значаен за нас бидејќи сите девојки се бодриме една за друга и играме една за друга. За двете победи сме заслужни сите и мотото на оваа репрезентација е „Сите за еден, еден за сите“ . Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата и треба само така да продолжиме. Секако овие две победи не мотивираат да продолжиме во ист ритам и во иднина“, изјави Седлоска. 

Се вчитува...