Седлоски: Да не биде селекторот се вади, но…

Фудбалската репрезентанција на Македонија се подготвува за третиот натпревар од Лигата на нации, Б-дивизија во кој на домашен терен ќе ја пречекаме репрезентацијата на Шкотска, натпревар кој е закажан за утре од 20.45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

По двата воведни порази против Швајцарија и Шкотска и шест натпревари во низа без постигнат гол, ја чекаме Шкотска која што исто така се мачи во последно време, посебно во нападот.

Селекторот Гоце Седлоски на денешната прес-конференција вели дека да не се вади, но сега играме во Б-дивизија.

„Атмосферата е добра и покрај поразите. Барди е наш лидер и останува наш капитен. Овие момци тука ве молам дајте им поддршка. Критиките нека одат кон мене, а наша цел е да создаваме нови играчи и тука не застанувам. Останувам на тој процес до крај. Џани Алиоски се враќа на тренинзите. Нема потреба да повикувам нови играчи за понатаму ќе видиме што и како. Ќе пробам се и на утрешниот меч. Играчите се тие што ги имаме. Да не биде селекторот се вади, но сите добро знаеме со какви репрезентации играме“, изјави Седлоски.

Се вчитува...