Седлоски: Не ме интересира кој ќе игра за Швајцарија, ние треба да се гледаме самите

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за премиерниот настап во Б дивизијата од Лигата на нации. Репрезентативците четири дена се подготвуваат во Скопје, за предизвиците што не очекуваат во овој прозорец и четирите натпревари во само десет дена.

А, почнуваме против Швајцарија меч кој е закажан за во сабота на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Селекторт, Гоце Седлоски на денешната прес-конференција ги даде своите очекувања за мечот против селекцијата која на последното Светско првенство кое летово се играше во Северна Америка, стигна до четвртфиналето.

„Овие четири тренинзи кои ги одработивме поминаа онака како што посакував, презадоволен сум од сите во тимот. Верувам дека за утре сите ќе бидеме подготвени, Швајцарија е силна, но одиме како и на секој натпревар до сега. Заедно со помош на публиката ќе се обидеме да дојдеме до позитевен резултат. Поддршката секако ја очекуваме, тие ќе бидат наш играч плус, а ние ќе дадеме максимум на теренот. Нас не не интересира кој ќе дојде од Швајцарија, тие секако имаат многу квалитет, ние треба да се гледаме самите себе и да веруваме дека ќе одиграме еден добар натпревар. Кој ќе стартува ќе одлучам по тренингот вечерва. Секој кој ќе излезе на теренот ќе го даде максимумот. Ја повикувам публиката да дојде во што поголем број и да ја даде својата поддршка, сакаме бројката да биде голема, а играчите ќе ја оправдаа довербата“, изјави Седлоски. 

Македонија на овие мечеви нема да може да смета на Дарко Чурлинов кој поради административни причини мораше да остане во Полска каде настапува за Погон Шчечин, како и Бобан Николов кој се повредил на еден од последните тренинзи. Деби во националиот дрес ќе имаат четворица фудбалери. Матеј Гаштаров, Анес Меличи, Ѓорѓе Џеков и Христијан Малески ќе имаат шанса за првпат да го облечат дресот со националните бои.

Се вчитува...