Седлоски: По киксот во Штип верувам дека ќе се вратиме на победите

Новиот шампион на Македонија, Шкупи во среда ќе го одигра натпреварот од 31. коло во ПМФЛ, против екипата на Македонија Ѓ.П. По поразот во Штип, избраниците на Гоце Седлоски ќе бараат враќање на победите.

Тренерот на на чаирачни вели дека неговите играчи ќе одиграат на ниво по изненадувачкиот пораз во Штип…

„Секако дека го почитуваме противничкиот тим, не случајно тие се во борба за излез во Европа, но верувам дека моите играчи ќе го дадат својот максимум на овој натпревар, и ќе одиграат како вистински професионалец по лошиот натпревар во Штип“, изјави Седлоски.

Натпреварот Шкупи – Македонија Ѓ.П. ќе се одигра утре со почеток во 17 часот на стадионот Чаир.

Се вчитува...