Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски денеска го објави списокот за новото издание на Лигата на нации во која нашата селекција за првпат ќе биде дел од Лигата Б.
Во овој прозорец не очекуваат четири натпревари, а почнуваме против Швајцарија на домашен терен на 26. септември, а потоа следуваат мечеви со Словенија нагости (29. септември), Шкотска дома (3. октомври) и реваншот со Швајцарците на 6. октомври на гостински терен.
Селекторот Седлоски на денешната прес-конференција даде свое мислење за тоа што не очекува…
„Можеме да очеквуаме добра игра и борба на секој натпревар со максимална концентрација на сите натпревари во еден краток период во кој за десет дена ќе одиграме четири натпревари. Повикав 25 фудбалери и три голмани. Мислите треба да ни бидат на првиот натпревар против Швајцарија. Имаме пет дена за тренинзи и тие ќе покажат кој на која позиција ќе игра. Имаме фудбалери кои не се стандардни, но мислам дека ќе направиме компактна репрезентација со младост и искуство да создадеме нова генерација за Европско првенство. Играчите се тие и затоа направив некои промени во составот. За никого не е затворена вратата во репрезентација. Точно е дека четири меча немаме победа, но знаеме со какви репрезентации игравме. Јас во секој меч сакам да победам, но кога играте против велесили знаете како е. Јас како селектор и сите околу мене да одиграме онака како што јас посакувам. Точно е дека откако сум селектор немаме четири меча гол. Мора да работиме имаме нови фудбалери во нападот, почнувајќи од играчите од македонска лига. Не се сеќавам кога биле повикани шест играчи од Македонија. Ги повикав Азер Омерагиќ и Малески. Двајцата постигнаа годинава голем број голови. Малески седум гола, Омерагиќ пет гола“, изјави Седлоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
