Седлоски: Знаевме дека нема да биде лесно против Борец

Шкупи сигурно чекори кон титулата во Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Чаир во 27. рунда од домашниот шампионат славеше на домашен терен против велешки Борец со 3-1.

Тренерот на чаирчани Гоце Седлоски по мечот изјави дека знаел дека нема да биде лесно против тимот од Велес.

„Знаев дека нема да биде лесен натпревар, почнавме добро со отворањето на резултатот, но за жал по контранапад примивме гол. Паузата ја искористивме да ги анализираме нашите грешки и на крајот дојдовме до победа против тим кој дојде да се брани. Фудбалерите дадоа максимум, им честитам за тоа. Им благодарам и на навивачите кои не престанаа да не поддржуваат. Од утре размислуваме за следниот натпревар“, изјави Седлоски.

Се вчитува...