Седум години без победа на гости: Ако е несреќа, минаа седум години – од триумфот со Андора!

ЕКИПА во Вадуз, 

Никола Ѓуровски

Ќе имате седум години несреќа…Затоа што немате стадиони, затоа што немате ни соблекувални какви што треба на тоа што го нарекувате стадион, затоа што терените ниту од далеку не наликуваат на фудбалски, затоа што фудбалот ви е очаен, а вие мислите дека сте велесила…Како некој да не проколнал.

Ама, ете, и седум години поминаа. Последната победа на гости што ја оствари А-репрезентацијата на Македонија во квалификациски натпревар за ЕП или за СП е во далечната 2010 година. На 8.октомври, и тогаш не сме направиле сензација, туку ја победивме Андора со 0-2.

Под селекторската палка на Мирсад Јонуз, падна Андора на „Естадио Комунал“, а стрелци на головите беа Илчо Наумоски и Ванче Шиков, кој и сега се уште го носи дресот со националниот грб, и се наоѓа во експедицијата што допатува овде во Вадуз. Покрај него, и Иван Тричковски играше на тој меч, а исто така е дел од селектираните што ги има во селекцијата и сегашниот селектор Игор Ангеловски.

„Време е да победиме, нема дилеми. Одамна немаме победа на гости и време е да ја оствариме. Но, тоа треба да го кажеме на теренот, да потврдиме дека сме подобри од Лихтенштајн“, вели капитенот Горан Пандев.

Минаа седум години несреќа. Па, и некој да не проколнал…се надеваме дека малерот ќе заврши во Вадуз…Редно е да победиме на гости – дури и ние…По ова победивме во Баку против Азербејџан (0-1), но тоа е сепак „пријателска“.

andora so mkd

Се вчитува...