Седум клуба бараат од Шаховската федерација да организира Екипен шампионат за сениори

Седум шаховски клуба се подготвени да учествуваат и имаат барање до Шаховската федерација на Македонија да организира Екипен шампионат за сениори за 2020 година, тврди ШК Прилеп, кој е иницијатор да се организира првенството и за тоа го предлага можни термини да бидат од 5. до 11.октомври, или пак од 10. до 16.октомври во комплексот „Метропол-Белви“ во Охрид.

Согласност имаат дадено ШК Прилеп – иницијатор за одржување на Екипното првенство за сениори (Тони Кироски), ШК Карпош (Горан Главинац), МШК Центар (Ѓорѓи Миновски), ШК Гамбит Ассеко-сее (Орце Данчевски), ШК Анпасан (Назмидин Имери), ШК Куманово (Жарко Митковски) и ШК Гостивар (Воислав Мерџановски).

Планирано е првенството да се одржи со почитување на мерките за заштита од Ковид-19 согласно протоколот за одржување на шаховски натпревари за кои е дадена согласност од Комисијата при Министерството за здравство.

Се вчитува...