Седум тројки: Костоски го торпедираше Динамо Букурешт

Александар Костоски имаше свое шоу на денешниот натпревар меѓу Питешт и Динамо Букурешт, на кој македонскиот репрезентативец му донесе убедлива победа на својот тим од 115-65.

Нашиот плејмејкер беше расположен за удари од далечина, па за 22 минути успеа да реализира 21 поен, и тоа со седум погодени тројки од вкупно осум обиди. Покрај тоа, зад името на екс-кошаркарот на Куманово и МЗТ Скопје останаа запишани и три асистенции и две украдени топки, со што Костоски уште еднаш покажа зошто важи за лидер на Питешт оваа натпреварувачка сезона. Преубедливата предност беше причина тренерот во финишот да му даде заслужен одмор на Македонецот, кој во спротивно многу лесно ќе ја надминеше и границата од 30 постигнати поени.

Со овој триумф Питешт ја прекина серијата од два порази во романското првенство, искачувајќи се на шестата позиција на табелата.

Се вчитува...