„Седумте-осмини“ се слушнаа до Порто – Македонија ќе игра на СП 2026 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Порто, Португалија

Владимир Булатовиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија не била никогаш поблиску до пласман на едно Светско првенство. Португалија не совлада со 2-0 и не елиминираше од мундијалот во Катар, но оваа генерација предводена од Боби Милевски покажа дека има уште многу што да каже.

Загубивме поради индивидуални грешки и поголемото искуство на Португалците беше клучно за наша елиминација.

Сепак, популарниот „Сер“ покажа дека и тоа каков квалитет имаме и дека имаме уште што многу да покажеме во иднина. „Седум-осминскиот“ такт се слушна до Порто, а верувајте 2026 ќе се слушне и до САД, Канада и Мексико.

 

 

Се вчитува...