Сефер Емини со деби гол за Сондерјиске

Македонскиот интернационалец Сефер Емини, го постигна првиот гол во дресот на новиот клуб Сондерјиске. Играчот од средниот ред на вчерашниот дуел со Вендсисел го постигна вториот гол за водство од 2-0. Откако најпрво одзеде една топка, беше супер проигран и ја смести топката во голот на противникот.

Сепак, неговиот тим не издржа, и на крајот прими два гола, со што дуелот заврши без победник.

Емини летово непосредно по почетокот на првенството во ПМФЛ, направи трансфер од Македонија ЃП во данскиот тим, кој сезонава ќе се бори да се врати во „елитата“.

Се вчитува...