Сега е добро момче – Кирјос со остри критики кон Тим

Најконтроверзниот тенисер на денешницата Ник Кирјос очигледно почна да се менува. Тој го нападна својот колега Австриецот Доминик Тим кој пред некој ден изјави дека не сака да им помогне на послаборангираните тенисери во периодот на корона кризата бидејќи тие тоа не го заслужуваат. Кирјос не се сложува со изјавата на Австриецот и веднаш излезе со свој став.

„Доминик не ја сфаќа поентата. Ние подобро рангираните тенисери го собираме скоро цел фонд на награди на големите турнири и едноставно нема доволно за останатите. Затоа мораме да помогнеме кога е најпотребно. Професионалец или не Доминик мора да се ставиш на нивно место“, напиша Кирјос. 

Се вчитува...