Од вечерва веќе нема никакви дилеми – Ал Наср од Саудиска Арабија е новиот клуб на Кристијано Роналдо, со кој португалската суперѕведа потпиша договор на две сезони.
Португалецот беше без клуб од раскинот на договорот со Манчестер Јунајтед, а во недостиг на квалитетни понуди од Европа се реши да ја прифати онаа убедливо најбогатата – од Саудиска Арабија. Роналдо според договорот со Ал Наср ќе има плата од 70 милиони евра по сезона од клубот, но и уште загарантирани 130 милиони евра годишно преку спонзорски договори со компании што ќе ги обезбеди Ал Наср, за промоција на Саудиска Арабија како држава.
„Ова е повеќе од испишуваање историја. Ова е трансфер што не само ќе го инспирира нашиот клуб за поголеми успеси во иднина, туку ќе ја инспирира нашата лига, нашиот народ и следните генерации, момчиња и девојчиња да бидат најдобри верзии од самите себе. Добредојде Кристијано Роналдо во твојот нов дом“, објави Ал Наср.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА