Сега и официјално: Јанис е нов кошаркар на Мајами хит

Двократниот МВП на НБА, Јанис Адетокумбо, е нов кошаркар на Мајами Хит, откако клубот од Флорида постигна договор со Милвоки Бакс во спектакуларна размена.

Според договорот, Боби Портис ќе пристигне во Мајами заедно со Адетокумбо, додека Тајлер Хиро, Келел Вер, Џејми Хакез Џуниор и Каспарас Јакучионис ќе заминат во спротивна насока.

Адетокумбо досега ја помина целата своја НБА-кариера во Милвоки, тимот што го избра како 15. пик на драфтот во 2013 година.

Во текот на 12 сезони, тој прерасна во еден од најдобрите играчи во светот, освои две МВП-признанија и ги предводеше Бакс до шампионската титула во НБА во 2021 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miami HEAT (@miamiheat)

Се вчитува...