СЕХА лига: Еурофарм на четвртото место, преку Нексе оди кон Вардар

Еурофарм Пелистер ја забележа првата гостинска победа во дебитанстската сезона од ракометната СЕХа лига и се избори за четвтата позиција на табелата во групата Б по завршувањето од прелиминарниот сегмент со триумфот над Спартак Москва од 21-33 во дуелот од последното коло. Со овој палсман, Еурофарм Пелистер обезбедува осминафиналната пресметка со Нексе. Ако излезе подобар од тој двомеч ќе оди на четвртфинален дуел со бранителот на титулата, Вардар.

Во мечот со Спартак Москва, Еурофарм немаше проблеми да додјде до победата, водеше на полувремето со 11-19, а во вторито дел само го потврди високиот тирумф. Најефикасни во тимот на Еурофарм Работник беа Граџан со седум, Ѓукиќ со пет и Велковски, Маџовски и Вегар со по четири гола.

Еурофарм Пелистер групната фаза ја завршува со четири победи и шест порази со вкупно 12 бода. Пред него во оваа конкуренција се Веспрем, Мешков Брест и Загреб.

Се вчитува...