Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, на денот на гостувањето на нашата национална селекција против европскиот првак Италија потсети дека „црвено-жолтите“ имаат позитивен биланс во последните пресметки со една од најголемите фудбалски нации во светот.
Иако шансите за пласман на ЕП 2024 се загубени, Сејдини децидно порачува дека верува во процесот на создавање на нова успешна генерација во македонскиот фудбал…
„Овие квалификации за пласман на континенталниот самит потврдија дека фудбалот, навистина е играта која буди најмногу емоции. Одигравме одлични натпревари против силни претставници во групата. Во период од 18 месеци ова е трет дуел против актуелниот европски првак. И ретко кој може да се пофали со позитивен биланс со Италија како што можеме ние. Но ова не беше доволно за пласман на првите две позиции. Успехот не се постигнува преку ноќ, се создава нова генерација која има многу амбиции и самодоверба за големи резултати во иднина. За мене сега ова е врвен приоритет, да помогнеме заедно да ги постигнеме целите и да им дадеме крилја на младите момци од секој аспект за да можат да не израдуваат со нивните успеси сите заедно“, порача Муамед Сејдини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА