Сеќавање на Коби Брајант во ноќта на Оскарите (ВИДЕО)

Кошаркарската легенда Коби Брајант доби свое место и во ноќта на Оскарите. Во делот за личностите кои починале во изминатите 12 месеци, Брајант беше прв во видеото.

Режисерот Спајк Ли кој е еден од најпознатите навивачи на Њујорк никс носеше жолто-виолетово одело во чест на Брајант, а добитникот на наградата Оскар за краток анимиран филм, Метју Чери го посвети признанието на НБА легендата.

Коби Брајант во 2018 година доби Оскар за краток анимиран фил за “Dear Basketball“.

 

 

Се вчитува...