Секуловски: Можевме и до трите бода против Вардар…

По цели пет години и шест едноподруго натпревари Вардар не успева да слави на вечното дерби во Битола.

Интересно, од март 2013 година кога исто така беше 0-0, „вардарци“ потоа имаат шест едноподруго победи под „Тумбе кафе“ и гол разлика од 3-10. Се до вчера кога повторно, по пет години пауза, не успеваат да триумфираат на гостувањето против „зелените“…

„Вардар долго време победува во Битола, па затоа може и да кажеме дека сме задоволни секако со ова реми против шампионот. Фудбалерите покажаа сериозна борбеност, максимална посветеност кон играта, пожртвуваност и затоа заслужено стигнаа до тој резултат. Да бидеме искрени блиску бевме и до трите бода против Вардар. Можеби заслуживме да триумфираме поради далеку поголемата желба и на теренот за победа од противникот, но остана тешко да дојдеме до конечната реализација во нападот. Во секој случај Пелистер продолжува активно од натпревар на натпревар. Не чека сериозна битка за опстанок“ – вели стратегот на „пелистерци“, Марјан Секуловски.

Се вчитува...