Македонскиот селектор Благоја Милевски кој деновиве престојува во Анталија каде ги следи настапите на македонските клубови, но и дел од македонските интернационалци кои со своите клубови се на подготовки во Турција, денеска го следеше пријателскиот натпревар на Шкупи со рускиот второлигаш Факел.
Милевски снимаше дел од потенцијалните репрезентативци, иако и немаше нешто што посебно да „сними“ во поразот на чаирчани од рускиот второлигаш.
Натпреварот го следеше и селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драган Канатларовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА