Селекторот едно ветуваше, друго гледаме – Македонија четири меча без постигнат гол (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија загуби со убедливи 4-0 на гостувањето против Турција за уште еден јасен предзнак – дека репрезентацијата не ни се движи во правецот што го посакувавме, правецот што го најавуваше новиот селектор кога дојде на функцијата.

Седлоски најави офанизвен фудбал ког седна на селекторската фотеља… по четири негови средби како предводник сведоци сме на сосема спротивното… четири меча, ниту еден гол, со просек од една стопроцентна шанса по натпревар што ја создаваме. Во Сараево барем имавме добра одбрана, вечерва таа беше како „швајцарско сирење“, впрочем не функционираше целиот тим, се мачевме да излеземе од сопствената половина, грешевме при изнесување на топката, а ривал како Турција знаеше како да ги казни тие „киксовите“.

Ривалите навистина не беа наивни, но Македонија во минатото играла подобро, давала голови и не губела од далеку пореномирани селекции… Впрочем, и есенва во Лигата на Нации пред нас ќе бидат серикозни дуели, а ако ова денеска беше пријателски меч, тогаш веќе ќе нема место за никакви изговори…

Се вчитува...