Селекторот Грчевски го објави списокот за мечевите против Азербејџан и Литванија

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски го објавува поширокиот список на ракометарки за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2024 година.

Женската сениорска репрезентација на Македонија во квалификаиите е дел од групата 5 заедно со репрезентациите на Шпанија, Азербејџан и Литванија.

На претстојната ЕХФ недела (09.10 – 15.10.2023) нашата женска сениорска селекција ќе оддигра два квалификациски натпревари против Азербејџан и Литванија.

Сениорките првиот натпревар во квалификациите го играат на домашен терен против Азербејџан на 11.10, а потоа следи натпревар на гостински терен против репрезентацијата на Литванија на 15.10.

Интересно е тоа што на списокот ја нема веројатно најдобрата ракометарка во домашниот шампионат Сара Стефановска.

Се вчитува...