Селекторот Изов со список за фудбалерки за дуелот со Бугарија

Селекторот на женската фудблска репрезентација на Македонија, Кирил Изов, го објави списокот на фудбалерки за ретстојниот дуел со Бугарија закажан за 5 декември во Софија, во рамките од четвртото коло од Лигата на Нации.

Собирот на нашата најдобра женска селекција е закажан за 3. декември во Скопје. Натпреварот меѓу женските репрезентации на Бугарија и Македонија ќе се одигра на стадионот на Левски во Софија. Селекторот Изов за овој меч со источниот сосед смета на следните репрезентативки:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Ведрана Комненова (Скопје);

Одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје), Драгана Костова (Каменица Саса), Кристина Мојсоска (АС Јунајтед), Катерина Петкова (Истатов), Бојана Петкова (Љуботен), Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана);

Среден ред: Симона Мејер (Макаби Хадера, Израел), Радица Велкова (Тиверија), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Елена Петровска (Љуботен), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Оливера Цоклеска (АС Јунајтед);

Напад: Гентијана Рочи (Купс, Финска), Афродита Салихи (Скопје), Рабија Дервиши (Скопје), Кристина Петрушевска (Истатов), Радица Чонева (Истатов), Илза Максути (АС Јунајтед);

Се вчитува...