Португалскиот селектор Фернандо Сантош ги откри плановите кои ги има за завршувањето на кариерата Кристијано Роналдо. Ѕвездата на Јувентус со 35 години се уште е еден од најдобрите во светот. Тој самиот најави дека очекува да игра до 40 години, а португалскиот селектор објасни кога би можел тој да се повлече од фудбалот.
„Кристијано е подготвен да игра до 40 години, но се уште не е сигурен дали тоа ќе се случи. Во еден момент може да почувствува дека веќе не е истиот, а тој не е фудбалер кој ќе игра на помало ниво. Кога ќе почувствува дека веќе не е Роналдо, тој ќе се повлече“, изјави Сантош.
Роналдо одлично ја стартуваше новата сезона, откако во два меча во Серија А веќе постигна три гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА