Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го скрати списокот на ракометарки за бараж двомечот против репрезентацијата на Украина за пласман на Светското првенство 2023 година.
Повратнички во националниот тим се десниот бек Елена Ѓорѓиевска и пивотот Ивана Гакидова. Новитети се Катерина Дамјаноска, Амра Терзиќ, Бојана Диневска и Бојана Коцева. Собирот ќе биде в понеделник на 3. април во 12.30 часот.
Првиот натпревар против Украина ќе се игра на 8. април на домашен терен, додека реваншот на неутрален терен во Унгарија е закажан за 11. април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА