Селекторот Савевски го скрати списокот за натпреварите со Црна Гора

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Љубомир Савевски го објави списокот на повикани ракометарки за престојните натпревари против репрезентацијата на Црна Гора во ЕХФ Евро Купот 2022.

Во однос на претходниот список отпаднаа Марија Јанкуловска од Пелистер, Магдалена Тошевска од Вардар, Мила Пешиќ од Гутерслох, Милица Николиќ од Металург и Сара Богоеска од Деспина.

Првиот натпревар сениорките ќе го одираат во Скопје на 07.10.2021 (четврток) во СЦ “Борис Трајковски” во 20:15 часот, а потоа на гости во Црна Гора на 10.10.2021 (недела).

Се вчитува...