Селекторот Василев ги одбра 12. патници во Тбилиси

Машката кошаркарска репрезентацја до 20 години денеска отпатува за Тбилиси, Грузија каде од 15. до 24. јули ќе настапува на Европското првенство во „Б“ дивизија, а за противници покрај Грузиците ќе ги има репрезентациите на Австрија, Шведска и Косово.

Нашите младинци на континенталниот собир заминуваат со фаворитска улога, а оправдување на истата стручниот штаб кој го сочинуваат селекторот Никола Василев и помошниците Сашо Тодоровски, Нино Чачиќ и Тино Даневски одбраа 12. кошаркари.

Марин Петков       192см.          бек     Феникс 2010

Марко Миловановиќ      195см.          крило Јуви Кремона

Андреј Андоноски           200см.          силно крило           МЗТ Скопје Уни Банка

Павел Данаиловски         183см.          бек     Работнички

Гоце Петрушевски           200см.          крило            Сан Северо

Лука Савиќевиќ     190см.          бек     Истерн Мичиген

Филип Наков          194см.          бек     Водно Санс

Андреј Митревски           190см.          бек     Феникс 2010

Амар Хот      199см.          силно крило           Феникс 2010

Тодор Златев          185см.          бек     Еуро Никел 2005

Никола Василевски         192см.          бек     МЗТ Скопје Уни Банка   

Никола Младеновски     204см.          центар          Цирих

За прв противник во дуелот кој ќе биде одигран во петок „црвено-жолтите“ ќе ја имаат репрезентацијата на Австрија, а потоа следуваат натпреварите против Шведска, Косово и Грузија. Според системот за натпреварување, двете првопласирани селекции од четирите групи обезбедуваат пласман во четвртфиналето, а најдобрите три на шампионатот обебедуваат место во „А“ Дивизијата за наредната година.

Се вчитува...