Селекторот Василев одбра 12. кошаркари за силниот ФИБА „Челинџер“ во Скопје

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години од 3. до 8. август во салата СРЦ „Кале“ ќе биде домаќин на ФИБА „Челинџерот“ на кој покрај нашата репрезентација ќе настапат и Хрватска, Грузија, Шпанија, Србија и Германија.

Македонија по подолго време се враќа во „А“ – дивизијата, а овој неофицијален турнир кој во време на пандемијата е замена за Европското првенство треба да служи за мерење на силите со репрезентациите од највиското ниво, воигрување и составување на репрезентација која во иднина ќе биде предводник на македонската кошарка кон големи успеси.

На списокот на селекторот Никола Василев се најдоа 12. кошаркари, а тоа се:

Андреј Митревски, Филип Наков, Марин Петков, Никола Василевски, Резарт Мемед, Амар Хот, Тома Стојановски, Димитар Иванов, Мирослав Ѓорѓевиќ, Горазд Величковски, Теон Богатиновски и Павел Атанасов.

Првиот натпревар за нашите надежи е на 3. август против Хрватска, ден потоа избраниците на Василев ќе се сретнат со Грузија, на 5. август следува дуел со Шпанија, додека по еден ден пауза, на 7. август играме против Србија. Турнирот ќе биде затворен со меч против Германија на 8. август.

Се вчитува...