Селекторот за ситуацијата со Илоски: Никого нема да молиме да игра за Македонија!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски денеска го објави списокот за новото издание на Лигата на нации во која нашата селекција за првпат ќе биде дел од Лигата Б.

Во овој прозорец не очекуваат четири натпревари, а почнуваме против Швајцарија на домашен терен на 26. септември, а потоа следуваат мечеви со Словенија нагости (29. септември), Шкотска дома (3. октомври) и реваншот со Швајцарците на 6. октомври на гостински терен.

Селекторот говореше и за Милан Илоски и неговата желба да игра за Македонија.

„Илоски сакав да го повикам со Данска, но тогаш цел му беше клупската сезона. Николче Новески неколку пати го бараше телефонски, но немаме повратен одговор. Јас не планирам никого да молам да игра за Македонија, доколку не сака“, изјави Седлоски. 

На списокот за овој собир го нема и Дани Мусовски од Сиетл Саундерс од МЛС лигата во САД.

Се вчитува...