Селеш: Од детство се борам со анксиозноста

Поранешната прва тенисерка во светот, Моника Селеш отворено зборуваше за нејзните проблеми со анксиозноста. Таа најдобрите партии во кариерата ги имаше во периодот од 1988 до 1993 година кога освои осум од своите девет грен-слем титули.

„Проблемот со анксиозноста го имам уште од детство. Среќна сум што на време добив помош, но и понатаму имам проблеми со стресот. Анксиозноста нема граници и сите кои имаме проблем со неа се чувствувам различно од останатите луѓе“, изјави Селеш. 

Селеш веројатно ќе имаше уште поголема кариера ако не се случеше инцидентот кога на меч беше нападната со нож од страна на навивач на Штефи Граф, несреќа по која веќе не беше истата.

Се вчитува...