Пред 27 години светот во живо беше сведок на обид за атентат на тогаш најпознатата светска спортистка, тенисерката Моника Селеш. Менталниот пореметениот обожувач на Штефи Граф, Гунтер Парх втрча на терен во Хамбург и со голем кујнски нож ја нападна Селеш во горниот дел од грбот.
Тогаш 37-годишниот Гунтер бил опседнат со Штефи Граф, па не можел да поднесе таа постојано да губи од Моника Селеш и почнал да ја следи. Гунтер полудел кога Моника во Берлин ја сруши Граф од првото место на ВТА листата и одлучил да ја исфрли од играта без разлика на ризикот.
Селеш се опорави за неколку недели по нападот со нож, но сето тоа остави сериозни психолошки последици на неа. На професионалниот тенис не се врати во следните три години.
„Тој човек ме повреди со намера, а за тоа не доби никаква казна. Од тогаш повеќе не сакам да одам во Германија. Таму не се чувствувам пријатно, се ме потсетува на тој ден. Не можам и самата себе да се помирам со фактот дека Германија, на чие тло се случи тоа злодело, никогаш не го казни“ – се потсетува револтирано Моника на нападот од Хамбург.
Судот го прогласи Пархе за ментално нестабилен па никогаш не одговараше за обид за убиство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА