Семејството Ѓоковиќ во нов коронавирус проблем: Јелена блокирана на Инстаграм

Новак Ѓоковиќ се заплетка во контроверзи откако ја даде изјавата околу вакцината за коронавирусот и неговиот став дека не би се согласил на вакцинирање за да учествува на турнири. По жестоките критики за нијанса ретерираше во ставот, но сега неговата сопруга се најде во фокусот на вниманието откако на Инстаграм и беше блокирана објава на видеото поврзано со 5G и со коронавирусот.

Видеото на докторот Томас Кован е фокусирано на конспирациската теорија за тоа дека преку 5G технологијата е предизвикана акутелната здравствена криза во светот. Објавата на профилот на Јелена ја виделе дури 98 841 лице, а доби жестоки критики за ширење „лажни вести“ по што интервенираше социјалната мрежа  ја блокираше објавата и се повика на „независна проверка на факти“. Видеото беше прекриено со знак „лажна информација“.

Се вчитува...