Сенегал им се приклучи на Камерун, Египет и Буркина Фасо во полуфиналето од Афричкиот куп на Нации откако во четвртфиналната средба со Екваторска Гвинеја славеше со 3-1.
Сенегалците до предност стигнаа со голот на Диедхиу во 28. минута, а резултатот 1-0 остана и на полувремето. Бујла во 57. минута донесе изендачување од 1-1, за до крајот на мечот сенегалските фудбалери преку Кујате во 68. миниута и Сар во 79. минута да стигнат до ново водство и потврда на победата.
Во полуфиналето Сенегал за противник ќе ја има репрезентацијата на Буркина Фасо која славеше над Тунис со 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА