Австралиецот Дејн Свини го победи Лоренцо Мусети во второто коло на Отвореното првенство на САД. Вистинска сензација на која малку кој се надеваше.
Ова значи дека Австралијанецот, 123-тиот играч во светот, го елиминираше фаворизираниот Италијанец, кој е 14-ти играч на АТП листата.
Мечот траеше два часа и 36 минути, а Свини дојде на турнирот преку „вајлд карта“. На, крај сепак славеше против Мусети со 3-6, 6-1, 6-2, 6-2.
Свини го загуби првиот сет, а потоа му дозволи на Мусети вкупно пет гема во три сета!
Откако Лоренцо направи брејк во клучен момент и го доби првиот сет, во вториот доминираше Свини, а во третиот сет, тој реши сè за 33 минути. Прво, направи брејк и поведе со 1-0, а таа предност ја одржуваше до седмиот гем, кога направи втор брејк и доби огромни 5-2. Потоа се беше познато…
Австралиецот не го пропушти овој подарок и го елиминираше Лоренцо Мусети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
