СЕНЗАЦИЈА ВО МЕЛБУРН: Ѓоковиќ елиминиран во 2. коло на „Австралија Опен“!

Можеби најголемата сензација во последните неколку години во светот на тенисот ја приреди Узбекистанецот Денис Истомин, исфрлајќи го Србинот Новак Ѓоковиќ уште во 2. коло на „Австралија опен“.

Ѓоковиќ остана без круната во Мелбурн, за првпат елиминиран така рано на некој Грандслем турнир уште од 2008 година. A, Истомин е првиот тенисер под 100. место на АТП листата кој успеал да го совлада српскиот тенисер на еден Грандслем турнир во кариерата.

Но, мораше да потклекне пред Узбекистанецот кој стигна до триумф во пет сета, со 7-6(8),5-7,2-6,7-6(5) и 6-4.

Истомин, кој е 117-ти играч на светот, со одличен сервис го контролираше мечот, имаше 17 аса, наспроти девет двојни грешки на Ѓоковиќ, но и 11 изнудени грешки помалку од Србинот.

„Жал ми е за Новак, но играв одличен меч денеска. Се изненадив и самиот себе. Ова е моја најголема победа во кариерата, но сега се чувствувам дека може да победам секого“ – рече по мечот Истомин.

Се вчитува...