Универзитетот Бејлор е новиот владетел во кошаркарската НЦАА-лига откако во синоќешното финале неочекувано лесно го совлада големиот фаворит Гонзага со 86-70. Со тоа, Бејлор стигна до првата титула во својата историја, само втора во историјата на државата Тексас.
Гонзаагво текот на целата сезонаа не знаеше за пораз, во денешното финале влезе со фантастична серија од 31 победа, но големиот фаворит не успеа да ја оправда оваа улога. Притисокот да се стигне до титулата без пораз, со што ќе беа прв тим по Индијана во 1976 година, се покажа преголем, Гонзага одигра слабо во одбраната, му дозволи на противникот да доминира и на крајот заслужено да слави.
Дејвион Мичел беше најефикасен со 26 поени, а Џеред Батлер придонесе со 22 поени и 7 асистенции во триумфот на Бејлор.
Baylor getting it done at BOTH ends 💥 #NationalChampionship @BaylorMBB pic.twitter.com/nWqhfCALZS
— NCAA March Madness (@marchmadness) April 6, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА