Сензација во Рим: Чилеанец го декласираше Новак Ѓоковиќ

Чилеанскиот тенисер Алехандро Табило приреди сензација во 1/16 финалето од мастерсот во Рим совладувајќи го српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со 2-0 во меч кој траеше 64. минути.

Дваесетишестгодишниот Табило одигра доминантна партија во која славеше со 6-2 и 6-3 закажувајќи осминафинална средба со Карен Хачанов кој пак претходно славеше со 6-4 и 6-2 против Франсис Церундоло.

Се вчитува...