Сензација: Жилеј Жанг го претепа Џо Џојс (ВИДЕО)

Кинескиот боксер Жилеј Жанг приреди сензација откако изминатата вечер во борба од шест рунди го прегази Џо Џојс до мера во која судијата мораше да го прекине мечот и да прогласи победа со технички нокаут.

Фаворизираниот Британец беше голем фаворит, но Кинезот доминираше од самиот старт за повеќе од заслужена победа. Поразот воедно е голем удар за амбициите на Џојс кој сега испадна од листата на предизвикувачи за шампионскиот појас на Олександар Усик.

Се вчитува...