Сензационални најави: Скопје ќе биде еден од домаќините на ЕП 2036!?

Европско првенство на Балканот. Скопје домаќин на неколку натпревари меѓу најдобрите селекции. Звучи сензационално, иако во моментов е далеку од реалноста, но во последно време се погласно се шпекулира дека шест земји од Балканот би можеле да поднесат заедничка кандидатура за одржување на Европското првенство во 2036 година.

Според информациите, домаќини би биле Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Грција и Албанија, а би можела да влезе и Црна Гора.

Проблем е во моментов инфраструктурата, со оглед дека многу од овие земји немаат стадиони кои ги исполнуваат критериумите. Но, за 10 години сето тао би можело да се промени.

Во случај УЕФА да прифати таква понуда, сите шест домаќини автоматски би обезбедиле место на завршниот турнир. Ова би значело дека веќе шест репрезентации однапред би резервирале место на Европското првенство. Во исто време, сè почесто се зборува за можното проширување на Европското првенство од сегашните 24 на 32 репрезентации.

Скопје беше кандидат за домаќин за ЕП 2020 година, но не ја доби кандидатурата, а тогаш ЕП се одржуваше низ 11 градови во Европа, а финалето се играше на легендарниот Вембли. Македонија тогаш учествуваше на ЕП, а два меча одигра во Букурешт (против Австрија и против Украина), и еден во Амстердам против Холандија.

Се вчитува...