Серафимов и Левски Софија обезбедија европска есен (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов и неговата Левски Софија обезбедија европска есен откако вечерва ремизираа 2-2 на гостувањето кај Универзитатеа Крајова и со тоа ја задржаа предноста од 1-0 од првиот меч одигран пред седум дена во Бугарија.

Серафимов и неговите соиграчи за малку ќе направеа од готово вересија откако имаа предност од 0-2 со головите на Евертон во 13. и Невес во 16. минута. Во финишот на првиот дел домаќините преку Банку намалија на 2-1, а 2-2 беше со голот на Рус во 48. минута.

Сепак, бугарскиот шампион до крајот успеа да се одбрани и да стигне до 3. коло во квалификациите во Лигата на шампионите. Македонскиот фудбалер повторно беше стартер за својот гол, но беше заменет на полувреме поради тоа што уште во 9. минута од натпреварот доби жолт картон.

Universitatea Craiova 0-2 Levski [0-3 on agg.] – Aldair Neves 16'
byu/Meladroit10 insoccer

 

Се вчитува...