Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски денеска го објави списокот за новото издание на Лигата на нации во која нашата селекција за првпат ќе биде дел од Лигата Б.
Во овој прозорец не очекуваат четири натпревари, а почнуваме против Швајцарија на домашен терен на 26. септември, а потоа следуваат мечеви со Словенија нагости (29. септември), Шкотска дома (3. октомври) и реваншот со Швајцарците на 6. октомври на гостински терен.
Во овој прозорец ќе го немаме дефанзивецот Никола Серафимов кој поради повреда ќе мора да ги пропушти натпреварите против Словенија, Шкотска и Швајцарија.
Исто така не се повикани и офанзивците Дени Мусовски од Сиетл Саундерс од САД како и Милан Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
