Серафимов, прво засилување на Академија Пандев

Поранешниот фудбалер на Вардар, Никола Серафимов, е првото засилување на Академија Пандев за наредната сезона. Младиот 20-годишен дефанзивец денеска го стави потписот на договорот со „пандевци“, по што го одработе и првиот тренинг со новите соиграчи.

Станува збор за играч кој ги мина младинските категории во Вардар, по што замина во чешкиот клуб Јихлава, за летово сепак да се врати во мак-фудбалот.

Академија Пандев го задржа Александар Таневски на тренерската позиција, а летово клубот го напуштија Душан Чубраковиќ, Мите Цикарски, Стефан Костов, Ангел Гранчов, Бојан Најденов, Кристијан Стојкоски, Ѓорги Танушев и Ндуе Мујеци.

Се вчитува...