Вториот гранд-слем турнир на Серена Вилијамс, откако таа се врати на терените во јуни по четиригодишна пауза, заврши со разочарувачки пораз. И таа повторно не можеше да го скрие тоа. Повторно ја избегна задолжителната прес-конференција.
На Вимблдон, таа го загуби првиот и засега единствениот одигран натпревар во поединечна конкуренција и одби да излезе пред новинарите. Според правилата, требаше да биде казнета со 50.000 долари, но се правдаше со болки во коленото. Со оглед на тоа што само во изминатата година заработила 40 милиони долари од реклами, таа казна немаше да и претставува тешкотија, но сепак беше оправдана.
Сега, на УС Опен, таа беше поразена во игра на двојки заедно со нејзината постара сестра Венус уште во првото коло, а реакцијата беше идентична. Како што списанието „Пипл“ ги „Серена беше толку лута поради елиминацијата што веднаш го напушти стадионот. Дури и не ја почека Венус“.
Постарата сестра Вилијамс првично сакаше да излезе и да разговара со новинарите, но потоа и таа се откажа бидејќи не сакаше да го прави тоа сама.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
