Серхио Рамос: Ако се грижев за личниот ефект, веројатно ќе бев тенисер

Серхио Рамос е легенда на Реал Мадрид. Вчера од пенал го постигна едниствениот гол за победата над Атлетик Билбао, а на натпреварот урна и неколку рекорди. Сепак, капитенот на Реал потенцира дека за него се најважни освоените бодови. Индивидуалните признанија му се во втор план.

„Се што ми е важно се трите освоени бода. Сакам да преземам одговорност, се чувствувам добро кога треба да изведам пенал. Индивидуалните постигнувања се на второ место. Најважно е постигнувањето на клубот и начинот на кој помагам. Да ми беше важен личнот ефект, веројано ќе играв тенис“ – вели капитенот на Реал Мадрид.

Серхио Рамос го постигна 71. гол за Реал и со тоа стана првиот дефанзивец со оваа бројка постигнати голови во историјата на Ла Лига. Сезонава која му е најефикасна во кариерата во Лигата е и прв стрелец на клубот. Реал Мадрид е на дистанца од четири бода пред Барселона во трката за титулата во Ла лига.

 

 

Се вчитува...