Серхио Рамос објави: Утре се збогувам од ПСЖ

ПСЖ утре ќе го пречека Клермон во последниот овосезонски натпревар, ова ќе биде последен меч за Лео Меси во дресот на „светците“, а истото се однесува на уште еден фудбалски великан – Серхио Рамос.

Шпанскиот дефанзивец пред две години пристигна како слободен играч од Реал Мадрид, неговиот договор истекува на крајот од сезонава, долго се шпекулираше околу иднината на Рамос, за вечерва тој самиот да објави дека заминува од „Паркот на принцовите“.

„Утре ќе биде специјален ден, ќе ставам крај на уште една етапа во мојот живот, ќе се збогувам од ПСЖ. Не знам колку места можеш да ги наречеш за свој дом, но без сомнеж, Париз, ПСЖ и навивачите се едно од тие места за мене“, објави Рамос.

Се вчитува...