СЕРИЈА „А“: Прво „реми“ за Рома, Наполи првпат не победи, играше и Елмас

Рома и и Наполи одиграа нерешено без голови во 9. коло од Серија „А“. Ова за Рома беше прво „реми“ во сезонава, додека Наполи за првпат не доби еден натпревар.

Шанси имаше и на двете страни, а тренерот на домашните Жозе Мурињо поради два жолти картони, мораше да се пресели на трибините.

Наполи во финишот постигна гол, но беше поништен.

Елиф Елмас натпреварот го почна од клупата, и влезе во 71. минута. Имаше неколку добри продори и една шанса, но без реализација.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...